ВИДЕО: Критики за Ердоган откако одржа партиски конгрес со 10.000 луѓе во затворена сала

Од:

По денешниот конгрес на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), на кој едногласно беше реизбран претседателот на партијата и на државата, Реџеп Таип Ердоган, на социјалните мрежи се појавија критики за организацијата на настанот.

Илјадници членови и симпатизери на АКП од цела Турција дојдоа во Анкара, голем дел од нив организирано со автобуси, и ја исполнија спортската арена со 10.400 седишта во турскиот главен град, кршејќи ги со тоа важечките здравствени прописи за заштита од коронавирусот, кои налагаат одржување физичка дистанца меѓу учесниците на вакви собири.

Опозицискиот политичар и пратеник Мурат Емир ги опиша сцените од Анкара како „срамни“ и објави снимки на кои се гледаат симпатизерите на Ердоган како играат и пеат во полн автобус, а дел од нив не носат заштитни маски.

Дел од корисниците на социјалните мрежи коментираат дека за симпатизерите на владејачката партија не важи задолжителното носење заштитна маска – мерка за чие непочитување обичните турски граѓани се казнуваат со 3.000 лири (околу 320 евра).

Ердоган зборуваше речиси два часа, а за тоа време често беше прекинуван од возбудените членови на партијата, кои во манир на фудбалски навивачи скандираа кога претседателот ќе го спомнеше нивниот град или делегатот од нивниот регион.

Лидерот рече дека го скратил излагањето за да не ги изложува присутните на можноста да се заразат.

Според високи функционери на АКП, сите 1.340 партиски делегати кои учествувале на конгресот биле тестирани на коронавирусот пред настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски