Османи: Посилна стратешка соработка меѓу НАТО и ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи на почетокот на вториот ден од Северно – Атлантскиот Совет на НАТО изрази очекување за засиленото партнерство меѓу НАТО и на ЕУ и улогата на земјите од Западниот Балкан во овој сојуз.

-Имавме продуктивни состаноци вчера. Денес ќе имаме дискусии со нашите партнери, вклучувајќи ја и ЕУ. Ја истакнувам потребата од посилна стратешка соработка помеѓу НАТО и ЕУ, а особено во Западен Балкан, како регион со значајно стратешко значење за обете организации, истакна Османи пред почетокот на втората сесија на Министерскиот состанок на НАТО.

Османи, како што информираат од неговиот кабинет, меѓу другото посочил дека слично на НАТО, перспективата за интеграција во ЕУ може да ги зајакне стабилноста и безбедноста на регионот.

-Не треба да дозволиме каква било амбивалентност да резултира во дивергенција што, исто така, може да се користи од надворешни актери; придржувањето кон ЕУ на Западен Балкан е од особено значење, нагласи Османи.

На денешната агенда на Османи, покрај сесиите во рамките на Министерскиот совет се и посебни средби со Министрите за надворешни работи на Португалија, сегашниот претседавач со Европската Унија Аугусто Сантос Силва, како и со Министерот за надворешни работи на Финска, Пека Олави Хаависто.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија