Висок саудиски претставник упатил смртни закани кон независниот истражител на ОН за убиството на Кашоги

Од:

Висок саудиски претставник упатил смртни закани кон независниот истражител на ОН, Анес Каламар, која го истражува убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Во интервју за Гардијан, специјалниот известувач на ОН за вонсудски убиства откри дека во јануари 2020 година таа била предупредена од колега од светската организација дека висок саудиски службеник двапати упатил закани на средба со други претставници на ОН во Женева, дека ќе се „погрижи“ за Каламар доколку не биде ограничена од организацијата.

На прашањето како ги примиле коментарите нејзините колеги во Женева, Каламар одговори: „Смртна закана“.

Французинката е експерт за човекови права која ќе ја преземе својата нова функција овој месец како генерален секретар на невладината организација Амнести Интернешнл. Таа е првиот службеник кој јавно истражува и објави детален извештај за убиството на Кашоги во 2018 година.

Би можело да ве интересира

САД: Саудискиот принц има имунитет од гонење за убиството на новинарот Кашоги

ОАЕ го осуди поранешниот адвокат на Кашоги на три години затвор

Ана Ололовска

Турција го предаде на Саудиска Арабија предметот за случајот Кашоги

Турција денеска одлучува дали на саудиските судови ќе го предаде предметот за убиството на новинарот Кашоги

Турската влада ќе му препорача на судот во Истанбул префрлање на случајот Кашоги во Саудиска Арабија

А1он

Убиениот саудиски новинар Кашоги доби улица во Вашингтон

Катерина Ѓуровски