Вакцини нема, вакцинацијата сопрена, стоматолозите се известени бидејќи нема веќе вакцини ќе имало „краткотраен прекин на имунизацијата“ бидејќи немало веќе вакцини. Не сопираат вестите во јавноста дека се вакцинирани високи функционери и владини претставници. Сомнежот е каде се вакцинирани, дали тука или во други држави – рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Сомнежите дека вакцинацијата се злоупотребува поточно дека се вакцинирани и политичари од власта мора да се расчистат. Не може и не смее да нема вакцини за здравствените работници, а да има за политичарите од власта. Во интерес на јавното здравје апелираме информациите за тоа кој се е вакциниран да се декласифицираат, кажете кој се е вакциниран. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме посебно барање до собраниската комисија за здравство да побара информации од Министерството за здравство и точно да се знае кој до сега се вакцинирал против корона“ – рече Лефков.