(ВИДЕО) Лефков: СДС знаеле дека Груби краде, свесно го криеле и не го гонеле

Од:

СДС знаеле дека Груби краде, свесно го криеле и не го гонеле за да продолжат да владеат ден повеќе. Венко Филипче, Зоран Заев, Оливер Спасовски беа главни сојузници на Груби. Милионскиот криминал во Лотарија немаше да биде можен, ако не беше желбата на СДС да останат на власт по секоја цена, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– И ВМРО-ДПМНЕ и медиумите и сите релевантни чинители со години алармираа дека Груби ја ограбува државата, но СДС молчеше и не смееше да постапи, зошто важно им беше само да се на власт. Додека Артан Груби крадеше СДС асистираше. Асистент во криминалот му беше Димитар Ковачевски.

Со години во Македонија немаше никаков прогрес, зошто премиерот и вицепремиерот наместо да работат, мислеле како да украдат милиони евра народни пари. За целиот криминал на Груби знаел Венко Филипче како десна рака на Заев и вклучен во сите процеси. СДС наместо да смислуваат налудничави теории секој ден, нека почнат да даваат одговори, зошто не го спречија Груби во кражбата, иако знаеја и можеа да го спречат и казнат? Дали желбата да се остане на власт по секоја цена и да крадат заедно беше главна водилка? И ДУИ и СДС се прочитана книга. Нема веќе како до сега. Одговорност мора да има – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито