ВИДЕО: Никола Јокиќ по третпат сезонава е играч на неделата во Западната конференција на НБА

Од:

Српскиот кошаркар и кандидат за најкорисен играч (МВП) на НБА лигата, Никола Јокиќ, по третпат во оваа сезона е прогласен за најдобар играч на неделата во Западната конференција.

Со ова, Србинот се израмни со легендата на Денвер Нагетс, Кармело Ентони, којшто е единствен играч во историјата на клубот што имал три такви признанија во една сезона. Јокиќ исто така има вкупно девет награди за играч на неделата, а Ентони го држи клупскиот рекорд со десет.

Јокиќ во 13-тата недела од скратената НБА сезона одигра четири натпревари, во кои просечно бележеше 26,8 поени, 12,3 скокови и 8,5 асистенции, водејќи го својот тим до скор од 3:1 во изминатата седмица.

26-годишниот Јокиќ оваа сезона за првпат во неговата НБА кариера е сериозен кандидат за наградата МВП на регуларниот дел од сезоната, а негови најголеми ривали за престижното признание се Леброн Џејмс и Џоел Ембид.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо