Москва реагира на протерувањето на дипломатите од Бугарија

Од:

Руската амбасада во Софија одговори со изјава дека протерувањето е неосновано и дека Москва го задржува правото да одговори.

„За жал, принудени сме да забележиме дека овој неправеден демарш од бугарските власти нема да придонесе за градење на конструктивен руско-бугарски дијалог“, се вели во соопштението.

Руската амбасада во Софија коментира: „Во услови на комплицирање на меѓународната ситуација , постојат очигледни „постојани“ обиди да се вметне клин во руско-бугарскиот дијалог и уште еднаш да се демонизира Русија “.

Во декември 2020 година беа отповикани рускиот воен аташе од Бугарија Василиј Сазанович и неговиот помошник.

Во јануари 2020 година беа протерани двајца руски дипломати – вработен во руската амбасада и претставник на руската трговска мисија во Софија, под сомнение за шпионажа. На крајот на октомври 2019 година, првиот секретар на руската амбасада во Софија беше прогласен за „персона нон грата“, Владимир Русјаев, кој се обиде да добие лични податоци на бугарски државјани, кои ќе ги користат руските разузнавачи, за да можат да навлезат во ЕУ. За скоро две години, Бугарија протера осум руски дипломати за активности некомпатибилни со нивниот статус.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он