Европски експерти идниот месец одат во Русија, ќе ја проверуваат вакцината „Спутник V“

Од:

Претставници на Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ја посетат Русија на 10 април, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

ЕМА испраќа експерти во Русија за да ги проверат клиничките испитувања и производството на вакцината против коронавирус Спутник В.

Официјален претставник на ЕМА претходно ги повика членките на ЕУ да се воздржат од одобрување на вакцината Спутник В на национално ниво додека Агенцијата го разгледува нејзиното одобрување.

Агенцијата ќе ги разгледа сите собрани податоци за да се овозможи побрза употреба на вакцината. Инспекцијата во Русија во април ќе ги опфати и производствените и клиничките испитувања.

Во саботата, гувернерот на Лацио, Никола Ѕингарети, соопшти дека во следните денови ќе потпише договор за спроведување на научни испитувања на Спутник В во Националниот институт за заразни болести Лазаро Спаланцани во Рим.

Директорот на институтот Франческо Ваја рече дека Центарот Гамалеја ќе испрати тројца вработени заедно да ја проучат ефекасноста на руската вакцина против различните варијанти на коронавирусот.

Европската агенција за лекови започна со тестирање на вакцината на 4 март, а познавачите на процесот тврдат дека таа може конечно да биде одобрена во мај

Слична инспекција моментално се спроведува и за германската Кјурвак и американската Новавакс.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он