Иран се заканува со напад на воена база во Вашингтон

Од:

Иран се заканува со можни напади врз Форт Мекнер, американска воена база во Вашингтон, како и на заменикот на началникот на Генералштабот на американската армија Џозеф М. Мартин, јавија светските медиуми повикувајќи се на двајца високи разузнавачи.

Тие велат дека комуникацијата што ја пресретнала Националната агенција за разузнавање (НСА) во јануари покажала дека иранската Револуционерна гарда разгледува да изврши „напад во стилот на Ју-Ес-Ес Кол“, што се однесува на самоубиствен напад во октомври 2000 година кога мал брод застана покрај разурнувачот на американската морнарица во пристаништето Аден во Јемен и експлодира, при што загинаа 17 американски морнари.

Според изворите, разузнавачките служби откриле и планови на Иран да го убие генералот Џозеф М. Мартин и да се инфилтрира во воената база во Вашингтон.

Генералот Мартин живее во Форт Мекнер, една од најстарите бази во Америка.

Поради заканите, армијата да го засили обезбедувањето околу Форт Мекнер.

Комуникациите пресретнати од разузнавачките служби на САД се воделе меѓу припадници на елитната единица Кудс на иранската Револуционерна гарда, а биле разгледувани и можни воени опции за одмазда за атентатот врз поранешниот водач на Кудс генерал Касем Солејмани во јануари 2020 година во Багдад.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот