Една година откако „Дизниленд“ ги затвори вратите и отпушти илјадници работници поради пандемија на коронавирусот, ќе продолжи со работа, и тоа од 30 април.
Корона-пандемијата не е завршена, но „Дизниленд“ и „Дизни авантурите“ во Калифорнија сепак ќе ги отворат вратите за посетителите и ќе работат со капацитет од 15 отсто. Од сите посетители ќе се бара да носат маски, вклучително и децата над две години. И нивната температура ќе се мери пред да влезат во паркот.
„Дизни“ воведува и нов систем на резервации за секој посетител. А, засега, само жителите на Калифорнија ќе можат да го посетат паркот.
Пред две недели, Калифорнија донесе одлука со којашто се дозволува отворање на тематските паркови како „Дизниленд“ од 1 април и тие ќе можат да работат со капацитет од 14 до 35 отсто, во зависност од состојбата со коронавирусот во областа. „Дизниленд“ се наоѓа во Округот Оринџ, каде што сѐ уште има висок ризик од зараза. Поради тоа, турите ќе бидат поограничени.