Седум полицајци и четири вооружени припадници на наркобандите убиени се во престрелка во северозападната мексиканска држава Синалоа, на територијата на една од најзлогласните наркобанди во оваа земја.
Полицајците влетале во заседа, возвратиле на огнот и успеале да убијат четворујца напаѓачи. Безбедносните сили по овој инцидент започнаа потера по преостанатите напаѓачи.
Се смета дека во државата Синалоа се крие шефот на истоимениот картел и најбраниот наркобос, Хоаким „Ел Чапо“ Гусман, чие богатство е проценето на милијарда долари. Во судирите поврзани со дрогата загинати се повеќе од 50 илјади луѓе, а 5.000 се исчезнати.
Тоа е билансот откако претседателот во заминување Фелипе Калдерон, после стапувањето на должност шеф на државата во 2006 година ја ангажираше војската во борба против нарко-картелите.