РК „Делчево“ го совлада РК „Ѓорче Петров“ во прволигашки плеј-аут натпревар кој се одигра во спорската сала „М.М.Брицо“. Откако минатото коло на гостински терен ја совладаа Риниа, делчевските ракометари со натпревар во кој од почеток до крај беа подобар противник од гостите од Скопје со што си обезбедија подобра позиција во понатамошните плеј-аут натпревари во ракометната Прва лига.
-Се надеваме дека до крајот ќе се комплетираме ако го земеме во предвид здравствениот билтен на ракометарите, меѓутоа очекуваме со комплетирањето на екипата на секој следен натпревар да играме се подобро и подобро, истакна тренерот на РК „Делчево“ Гоце Стоиловски.
Од стручниот штаб изразија надеж дека во следното коло во кое и гостуваат на екипата на РК „Кичево“, ќе забележат нова победа и ќе го подобрат уште повеќе пласманот во плеј-аут табелата.
Во досегашните натпревари одиграни во прволигашкиот „плеј-аут“ делчевци имаат скор од две победи и два порази.