Министерот Попоски на Европскиот форум Вахау во Австрија

Од:

На покана на претседателот на Европскиот форум Вахау и министер за образование и социјални прашања во Владата на Долна Австрија Барбара Шварц, министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе земе учество на годинешниот Форум, кој ќе се одржи на 15-ти и 16-ти јуни во Вахау-Австрија.

Генералната тема на годинешниот Европски форум е: „Од другата страна на кризата – контури на новата Европа”, при што се очекува дискусиите да бидат фокусирани на неколку актуелни прашања важни за иднината на Европската унија и тоа Европската безбедносна и одбранбена политика, субсидијарноста и солидарноста, економската перспектива низ призма на буџетските политики, како и улогата на културата во европската интеграција и надворешните односи на ЕУ.

Предвидено е министерот Попоски да настапи со свое излагање на тема: “10 години Заедничка безбедносна и одбранбена политика – како понатаму?”.

На настанот ќе земат учество бројни претставници од политичкиот и научниот свет, меѓу кои и комесарот за регионална политика во Европската комисија Јоханес Хан.

На маргините на Форумот, се очекува министерот Попоски да оствари средба со министерот за надворешни работи на Австрија, Михаел Шпинделегер.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија