ВИДЕО: Некогашни калуѓерки од Хрватска се запознале во манастир, сега се лезбејска двојка

Од:

Две жени од Хрватска, кои порано биле калуѓерки во манастир, денеска живеат заедно во романтична врска на островот Корчула.

Марита и Фани гостуваа на телевизијата РТЛ, каде открија дека двете биле многу млади кога од своите родни места отишле во манастир. И двете велат дека биле сигурни дека сакаат својот живот да ѝ го посветат на Црквата, но на тој пат развиле чувства кон други калуѓерки.

Тие биле во различни манастири, а се запознале на средби меѓу калуѓерките. Двете жени се ѕвездите во филмот „Nun of your business“, кој ја раскажува нивната необична приказна.

Водителката ги праша како живее еден лезбејски пар во мало место на Корчула, а тие одговорија дека им е одлично.

„Таму е прва лига. Нема страв“, рекоа Марита и Фани.

Околу животот во манастир, кој е детално прикажан и објаснет во филмот, двете жени велат дека клучни се редот, работата и дисциплината, а тоа го прифаќаат сите што се одлучуваат на живот посветен на верата. Во манастирите според нив има многу способни жени, а таму целиот живот функционира во строг и прецизен ритам, што според нив е добар начин за еден човек да живее.

Сепак, Марита и Фани во емисијата заклучуваат дека божјата служба не била за нив, а на периодот поминат во манастир гледаат како на едно важно искуство во нивните животи.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ