САД: Задолжителното растојание меѓу учениците кои носат маски намалено на еден метар

Од:

Владата на САД ги измени своите мерки против коронавирусот, намалувајќи го потребното растојание помеѓу учениците кои носат маски и со тоа потенцијално го отвораат патот за полесно отворање на училиштата, пренесуваат американските медиуми.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) сега препорачува растојание од еден метар наместо претходните два.

ЦДЦ соопшти дека новите препораки се засноваат на податоци од училиштата во Јута, Мисури и Флорида кои покажуваат дека пренесувањето на коронавирусот е релативно ниско кога се почитуваат мерките како носење маска, дури и во случаи кога учениците не одржуваат растојание од два метра.

Новите препораки ќе важат од градинки до средни училишта во области со помал број заразени. Онаму каде што вирусот се шири побрзо, учениците и понатаму ќе држат растојание од два метра, освен ако нивните училишни контакти не можат да бидат ограничени на помала група ученици и наставници.
Белата куќа завчера објави дека ќе одвои 10 милијарди долари за сојузните држави за тестирање професори, други вработени во училиштата и ученици.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина