„Мислам дека никогаш повеќе нема да бидам претседател во Приштина, а ни претседателот на привремената власт во Приштина никогаш нема да биде претседател во Косовска Митровица“, изјави денеска српскиот претседател Томислав Николиќ.
Според него потребно е да се постигне консензус за тоа „што е Косово“ и како ќе се однесува државата кон Косово.
Тој нагласи дека е потребно да се дефинира „до која мера привремените институции можат да ја извршуваат власта на Косово и кои се границите до кои Србија како држава може да застане, а и како ќе реагира ако дојде до некои непријатни инциденти кои ќе покажат дека приштинските институции сакаат да ја спроведат својата власт на територијата на целата покраина“.
„Треба да се утврди дека Косово е наше и дека имаме единствен став и позицијата и опозицијата“, рече српскиот претседател.
„Само така можеме да бидеме јаки. Ако бидеме разединети да го докажеме нашето право на Косово, од борбата нема ништо“, рече тој.
Желбата на тие што ја признаа независноста е таа да стане потполна, а желбата на што не ја профаќаме е тоа никогаш да не се случи, рече Николиќ.
Српскиор претседател кажа и дека генералниот секретар на ОН, Бан Кимун ќе ја посети Србија на 23 јули но и дека планира да го посети Косово.
„Бан ки-Мун треба да се изјасни дали оди на Косово кај претставниците на УН на Косову или оди таму со мисла дека е засебна држава”, рече Николиќ.
Според него Србија го разгледува одгворот кој ќе му го упати на Бан ки-Мун ако се има во предвид дека Косово не е членка на ОН.