ВИДЕО: Затворени два кабловски оператори во тетовско

Од:

Владиното координативното тело за заштита на интелектуална сопственост затвори два кабловски оператори од Терце и Желино, соопшти СВР Тетово.

Во денешната акциска конторла биле опфатени и осум трговски објекти во централното градско подрачје. Од нив биле одземени 184 производи со ознаки на познати марки – часовници, очила за сонце, чанти, кошули, тренерки, фармерки, долна облека, обувки и друго.

„Против сопствениците ќе бидат поднесени седум кривични пријави, од кои две за повреда на авторски права, а пет на индустриска сопственост“, изјави претседателот на Координативно тело за заштита на интелектуална сопственост Мите Костов.

Од таму најавија нови контролни активности за справување со пиратерија и со разни форми на повреда на индустриска и интелектуална сопственост, а ќе се контролира лиценцираноста на софтверите што ги користат адвокати, нотари и геодети.

 

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово