Германија: ЕУ да побрза со одобрувањето на руската вакцина „Спутник V“

Од:

Германските регионални лидери ја повикаа ЕУ да го забрза разгледувањето на апликацијата на руската вакцина „Спутник V“ и да гарантира дека, откако таа ќе биде одобрена, ќе може ефективно да се дистрибуира низ Унијата.

– Важно е да се забрзаат процедурите за одобрување, особено во случајот на ’Спутник’“, изјави премиерот на Баварија, Маркус Зудер, на прес-конференција, откако лидерите на 16-те покраини во Германија разговараа со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Тој истакна дека досегашните европски студии покажале дека руската вакцина е „исклучително безбедна“ и „во некои случаи е подобра од вакцините кои веќе се одобрени“.

– Треба да ја одобриме брзо и ефикасно и да не паѓаме во класични бирократски детали, рече Зудер.

Според него, одобрувањето сега е „само прашање на време“ и „поважно е ЕУ да склучи договори за да обезбеди производство и снабдување“.

– Европа треба брзо да преговара и да не чека одобрување. Ова е итен апел да не се пропушти уште една шанса, рече тој.

Градоначалникот на Берлин, Мајкл Мулер, исто така, истакна дека „ни треба секоја вакцина што можеме да ја добиеме“.

Европската агенција за лекови (ЕМА) започна тековен преглед на „Спутник V“ на почетокот на овој месец, иако неколку земји на ЕУ веќе започнаа со дистрибуција.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус