Метеоролошките услови не влијаат врз ширењето на Ковид-19

Од:

Метеоролошките услови немаат одлучувачко влијание врз пренесувањето на коронавирусот, се нагласува во извештај на Светската метеоролошка организација.

Според извештајот, во оваа фаза нема докази дека „директното метеоролошко влијание врз вирусот значително влијае на неговото ниво на пренесување во реални услови ширум светот“.

Фактот дека респираторните заболувања се често сезонски, особено во умерена клима, „ги поттикна очекувањата дека Ковид-19 ќе биде главно сезонски“, се вели во извештајот.

Сепак, како што се покажа во 2020 година, динамиката на ширење на болеста зависи повеќе од мерките преземени од владите отколку од метеоролошките фактори.

Експертите, исто така, заклучија дека во моментов нема директен доказ за влијанието на загадувањето на воздухот врз одржливоста на новиот коронавирус.

СМО смета дека зголемувањето на температурите на северната хемисфера напролет не треба да биде причина за ослабување на мерките преземени за борба против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана