Драстична анти-ковид мерка, децата ги врзуваат за кревет

Од:

Здравствените власти во Хонг Конг применуваат врзување за кревет, за деца и одделување од мајката, за бебиња, кои се во карантин. А, тоа привлекува сè повеќе критики поради психолошките последици од ваквите драстични мерки против коронавирусот.

Иако е еден од најгусто населените градови во светот, поранешната британска колонија генерално успеа да воспостави контрола над пандемијата. Досега во Хонг Конг се регистрирани 11.000 заразени со вирусот и 200 смртни случаи, а тоа е постигнато со некои од најдрастичните мерки во светот.

Имено, секој што има позитивен тест за коронавирус, веднаш оди во карантин – во болница, без разлика дали има симптоми или не. А, оние кои се сметаат за „близок контакт“ се испраќаат на две недели во карантин-кампови под контрола на властите. Патниците пак, откако ќе влезат на територијата на Хонг Конг, мора да одат во тринеделна изолација во специјално назначени хотели – на свој трошок.

На социјалните мрежи има сè повеќе критики за практиката на одделување на децата од нивните родители во одделите за карантин… Така што, мајките не можат да ги дојат бебиња, а децата да бидат врзани за кревет, за да не стануваат.

Властите на Хонг Конг деновиве постојано се обидуваат да ја оправдаат оваа своја политика.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше