ИЕА: Нафтата нема да поскапува долго и драматично

Од:

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) денеска соопшти дека цените на „црното злато“ веројатно нема да растат драматично и континуирано, и покрај очекувањата дека кампањите за вакцинација подоцна, во текот на годината, ќе ја зголемат побарувачката за нафта.

„Остриот скок на цената на нафтата, до блиску 70 долари за барел, беше поттикнат од приказните за нов суперциклус и од недостигот на понуда. Нашите податоци и анализи укажуваат на спротивното“, наведува ИЕА во својот месечен извештај,пренесуават британските медиуми.

Количествата нафта во залиха и натаму изгледаат огромни во споредба со историските нивоа, и покрај нивното постојано намалување. Покрај големите залихи, изградени се и голем број резервни производствени капацитети, како резултат на ограничените испораки од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, групата популарно наречена ОПЕК +, се наведува во извештајот.

Оваа неформална нафтна алијанса овој месец одлучи во голема мерка да ги задржи ограничувањата во производството, зголемувајќи ја побарувачката на пазарот и поттикнувајќи некои инвеститори да предвидат нов суперциклус – силен повеќегодишен раст на цените.

„Изгледите за зголемена побарувачка и континуирани ограничувања на производството на ОПЕК + сугерираат посилен пад на залихите во текот на втората половина од годината. Меѓутоа, засега има повеќе од доволно нафта во магацините и под земја за да се одржи адекватното снабдување на глобалниот пазар “, додава организацијата со седиште во Париз.

Тасс ја пренесе проценката на ИЕА, според која Русија може до 2026 година да го зголеми производството на „црното злато“ за 0,7 милиони барели дневно, на 11,3 милиони барели.

„Во текот на 2021 година, ќе дојде до умерено зголемување на производството на нафта во Русија поради продолжувањето на ограничувањата согласно договорот ОПЕК +. Значително зголемување на испумпувањето се очекува во 2022 и 2023 година, по укинувањето на ограничувањата, што ќе овозможи враќање на производството на нивото пред намалувањето“, оцени ИЕА, наведе руската агенција. сд/

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот