Француската полиција започна потрага по напаѓач, кој му го пресекол гркланот на еден пензионер во близина на црква во Монпелје.
Како што објавија локалните медиуми, жртвата е 75-годишен маж, за чиј живот се борат лекарите.
Според неофицијални информации, полицијата блокирала неколку делови од градот поради спроведување на акцијата за пронаоѓање на напаѓачот.