За името Мекларен обично се поврзува со Формула 1, но освен што изработуваат возила пред се за трки имаат и веројатно едно од најубавите централи во светот која е лоцирана во Суреј, во Англија.
Во седиштето на компанијата се занимаваат најмногусо дизајн на нови производи и изработка на прототипови.
Изградбата на тој комплекс чинела 300 милиони фунти. Проектирано е да биде посебно ниско за да се вклопи во околината.
Седиштето на Мекларен го краси техничка прецизност, минимализам и функционалност без непотребни детали.