Зијадин Села е позитивен на коронавирусот

Од:

Лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник во Собранието, Зијадин Села, објави дека е позитивен на коронавирусот. Тој вели дека состојбата му е добра и дека неколку дена ќе биде во самоизолација.

„Драги пријатели. Денес направив ПЦР-тест за Ковид-19 и морам да го споделам со вас резултатот од овој тест. Позитивен е. Добро сум, но медицинските протоколи мора да се почитуваат, па затоа морам да се самоизолирам неколку дена. Почитувајте ги мерките, заштитете се себеси и другите“, напиша Села во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Села: Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“

Горан Наумовски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава