Фон дер Лајен ќе ја прими вакцината на „АстраЗенека“, потврди нејзиниот портпарол

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, апсолутно ќе ја прими вакцината на „АстраЗенека“, потврди нејзиниот портпарол Ерик Мамер.

Портпаролот на ЕК го кажа тоа одговарајќи на прашањето на новинарите заради кризата околу вакцината од овој производител, чија употреба беше суспендирана од околу 11 земји членки на Европската Унија.

Овие држави престанаа да ја користат оваа вакцина откако податоците покажаа дека кај некои пациенти се развила тромбоза, а некои починале.

Европската агенција за лекови (ЕМА) постојано посочуваше дека последиците не се директно поврзани со вакцината.

Светската здравствена организација (СЗО) исто така ги повика земјите да не престанат со имунизација со вакцината на „Астразенека“ откако тоа го сторија неколку земји од Европската Унија.

Во соопштението се вели дека нема докази за поврзаност помеѓу вакцината и згрутчување на крвта.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он