Peugeot на Goodwood планира да ја претстави производствената верзија од концептот RCZ R.
Peugeot RCZ R како концепт беше претставена на меѓународниот салон во Женева во март, а сериската изведба донесува неколку измени.
Деталите за перформансите не се објавени, но познато е дека автомобилот ќе го придвижува 1,6-литарскииот THP мотор со турбополнач, кој развива 260 коњски сили.
Имено, “Peugeot RCZ R” ќе биде најмоќниот продукцуски модел на компанијата во нејзината историја. Емисијата на CO2 ќе изнесува 155 g/km.
“RCZ R” ќе добие спортска суспензија, уникатни тркала од легури и “Torsen” диференцијал со ограничено пролизгување.