Дете загина во пожарот кој избувна во зграда во Гостивар

Од:

Малолетно дете загина во пожарот кој избувна во станбена зграда во Гостивар. Детето било извадено од опожарениот стан, каде им подлегнало на повредите. Тоа е пренесено во Општата болница во Гостивар, а обидите за реанимација биле неуспешни. Со тешки повреди од станот е изнесена и жена на возраст од над 30 години, на која и се укажува помош во болницата.

„Првичните информации се дека во 8 часот утрово во СВР Тетово е пријавено дека во стан на трети кат во Гостивар избувнал пожар. Како последица на пожарот две лица имале сериозни здравствени потешкотии, пренесени се во општата болница во Гостивар, при што е констатирано дека едно од двете лица, малолетно, починало. На лице место е јавен обвинител и СВР Тетово. Со интервенција на противпожарната единица пожарот е локализиран. Ќе се утврдуваат причините“, велат од СВР Тетово.

Дежурниот пожарникар Изет Изети изјави дека непосредно по пријавата за пожар, на терен излегле со две возила и за половина час го локализирале пожарот. Првичните сознанија се дека пожарот се појавил во една од собите на станот во кој престојувало повеќечлено семејство.

Би можело да ве интересира

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови