Филип Мејер, дизајнер од Копенхаген е автор на „Живот“ стрип кој раскажува една класична приказна: двајца луѓе се сретнуваат, се заљубуваат, добиваат дете, детето расте, се одвојува од нив, родителите стареат и умираат.
Меѓутоа, во „Живот“ не постојат зборови, нема бои, а секој од ликовите е претставен како релјефен круг.
Целта на Мејер била да направи стрип кој ќе биде подеднакво разбирлив и за луѓето со оштетен вид, но и за оние кои добро гледаат. За таа цел одлучил приказната да биде прилично редуцирана.
-Се запрашав до кој степен би можел да ја редуцирам приказната, а таа да не го изгуби значењето – вели Мајер кој во разговорите со слепите луѓе сфатил дека простото пренесување на некои слики на хартија со методот на перфорација и не фукнционира.
-Луѓето во овие кругови сместени во рамките гледаат една љубовна приказна. Тоа е фасцинантно – вели Мејер.