Со проект за изградба на патот до с. Горачино Општина Штип во трка за средства од државните фондови

Од:

Општина Штип одлучи да аплицира за добивање средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со проект за изградба на патот до селото Горачино.

„Како приоритет со кој ќе аплицираме до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, одлучивме да биде поврзување на селото Горачино со регионалниот пат Штип-Радовиш. Станува збор за изградба на пат во должина од околу 2,5 километри. Општината ќе аплицира за втората потточка во јавниот повик – инвестиции во локална патна инфраструктура.

Максималната вредност на прифатливите трошоци е 20 милиони денари поради што и се одлучивме за овој проект“, изјави Тоше Георгиевски, вработен во одделението за локален економски развој.

Предлогот за намена на средствата од Агенцијата токму за изградба на овој пат дојде директно од градоначалникот Илчо Захариев, а на денешната седница на Советот на Општина Штип беше прифатен и од страна на Советот на Општина Штип.

Советничката група на коалицијата „Сојуз за иднината“ позитивно се изјасни по предлогот на градоначалникот, но побара во иднина при изборот на приоритетни проекти да се води една поширока и конструктивна расправа.

„Советничката група на СДСМ ќе гласа ’ЗА‘ во однос на овој предлог. Несомнено е дека патот што го поврзува селото Горачино со магистралниот пат Штип- Радовиш е од големо значење и ние тоа не го спориме, меѓутоа она што ние го поставуваме како прашање е дали не можеше да се земе како приоритет она што беше предложено во првото предлог-барање за приоритетни патни правци што треба да бидат реконструирани, како што е патниот правец Галапетровци-Шашаварлија, Горачино-Кавадарци или патниот правец кон с. Пухче“, изјави координаторот на советничката група на СДСМ, Јане Миланов.

Градоначалникот Илчо Захариев пред советниците ја образложи својата одлика и ги наведе причините поради кои го одбрал токму овој патен правец и додаде дека Општината во иднина ќе се залага да ги реализира сите приоритети што беа предвидени во програмата за рехабилитација и реконструкција на локалните патишта во општина Штип.

Покрај точката за избор на приоритетен проект, на дневен ред на 4-тата седница на Советот на Општина Штип беа и годишните сметки на четирите средни училишта и јавните претпријатија во Штип, како и извештаите за работата на јавните претпријатија.
4-тата седница на Советот на Општина Штип сè уште е во тек.

М.Р.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски