Приведен вработен во штипската општина поради закани упатени кон градоначалникот

Од:

Изутринава околу 10 часот СВР Штип го приведе лицето Ј.М. (42), вработен во Општина Штип како советник за управни работи.

Лицето е приведено под основано сомнение дека во текот на овој месец во неколку наврати упатило сериозни закани кон свој колега.

Според неофицијални информации што ги добивме од вработен во Општина Штип, заканите биле упатени кон градоначалникот Илчо Захариев.

Изутринава Ј.М. влегол во кабинетот на градоначалникот и почнал да го навредува, а потоа упатил и вербални закани по неговиот живот, по што вработен во Општината ја повикал полицијата. Ова не било прв случај Ј.М. да му заканува на градоначалникот пред другите вработени во Општината.

Ј.М. ѝ е познат на штипската јавност по неговото насилно однесување, а ова не е прв случај тој да се служи со закани и уцени за да ги реализира своите цели.

Штипската полиција до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против лицето Ј.М. поради основано сомневање дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор