Министерство за здравство до ВМРО-ДПМНЕ: Престанете да ја замајувате јавноста со непостоечки скандали

Од:

Министерството за здравство категорично ги демантира и осудува пласирањата на лажните документи кои опозицијата и медиуми блиски до нив ги прикажуваат дека се составен дел од процесот за набавка на вакцини против Ковид 19 – велат од МЗ во соопштение кое е реакција на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за набавката на кинеската вакцина.

„ВМРО ДПМНЕ свесно сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните. На помош на опозициската партија се и некои медиуми кои единствено од за нив разбирливи причини објавија таканаречен документ, кој е лажен, на ниту еден начин не е поврзан со процесот за набавка на вакцини, како што сакаат да и прикажат на јавноста.

Во тој нивни „доказ“ се спомнува сума која е лажна иако сакаат да ја прикажат како цена за купување на вакцини. Партијата ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив сакаат да одржат во живот афера која не постои, сакаат да пласираат во јавноста криминал кој не постои, сакаат да спречат Владата и Министерството за здравство да купат вакцини против Ковид 19. И ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив многу добро знаат дека процесите за набавка на вакцини се доверливи, посебно цените на вакцините тоа е глобална политика на сите производители, но и покрај тоа свесно се обидуваат преку лажни информации да наведат дека, од една доверлива постапка излегуваат податоци и документи во јавност. Уште еднаш Министерството за здравство демантира дека документот и сумата наведена во истиот се поврзани со набавка на вакцини, потенцираме дека станува збор за лажен податок“ – се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани се во релативно тешка состојба

А1он

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови

МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, 18 се во критична состојба

А1он

Верификацијата на телефоните за „Мој термин“ е еднократна објаснува Министерството

Катерина Ѓуровски

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи

А1он