ВИДЕО: Само Артан Груби не се поклони пред плочата на загинатите припадници на единицата „Тигар“

Од:

Само првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, не се поклони пред спомен плочата на загинатите припадници на антитерористичката единица „Тигар“. Тој положи цвеќе заедно со премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, министерот за здравство Венко Филипче.

Согласно протоколот, сите останати се поклонија пред плочата, во чест на загинатите. „А1он“ испрати прашање до Груби зошто не го испочитувал протоколот и не се поклонил пред спомен плочата на припадниците на „Тигар“, но до овој момент нема одговор.

Почит за загинатите припадници со положување на свежо цвеќе и поклони, оддадоа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, државниот секретар Магдалена Несторовска, шефот на кабинет Митко Бојмацалиев.

По нив, истото го направија директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, заменик-директорот Ариф Асани, како и шефот на кабинет на директорот на Бирото за јавна безбедност, Сунчица Алексовска. На крајот, истото направија и семејствата на загинатите борци.

Денес се одбележува 40 години од формирањето на Единицата за специјални задачи „Тигар“.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР