Сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа со слаб дожд, на планините снег

Од:

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до -1,а дневната ќе достигне до 14 степени.

Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот на запад ќе има повремен дожд, на планините снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места. Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.

Би можело да ве интересира

За викендот сончево и многу топло до 40 степени

Сончево и многу топло со температури до 39 степени

Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме

Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Сончево со температури до 36 степени

Сончево време со мала до умерена облачност

А1он