Повеќе од 40 земји ја критикуваа денеска Русија во Советот на ОН за човекови права поради третманот кон опозицискиот лидер Александар Навални и неговите соработници.
Во заедничката декларација, без преседан против Русија, се осудува „влошената состојба на човековите права и основните слободи“ што се манифестира со „незаконското апсење и притворање на Алексеј Навални“.
Од руските власти се бара „итно и безусловно ослободување“ на Навални, како и „сите кои се незаконски и самоволно лишени од слобода“.
Навални (44) е уапсен во јануари по враќањето во земјата од лекувањето во Германија поради труење. Тој потоа е уапсен и осуден на затворска казна поради кршење на условната казна. г