ФОТО: Литургија за упокоениот г. Кирил во Тетово

Од:

Во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово денеска беа изложени посмртните останки на упокоениот митрополитот полошко – кумановски г. Кирил.

Се одржа упокоена литургија со која чиноначалствуваше викарниот епископ лешочки г. Јосиф, заедно со свештениците од тетовското архиерејско намесништво.

vladika-kiril-tetovo

„На тетовчани им ја покажавте љубовта кон православната црква и кон се што е свето. Иако Вашето тело денеска овде лежи без здив, над нас лебди Вашата бесмртна душа. За последнен пат пред Вас во Тетово Ви ја укажуваме последната почит, но нема зборови кои би ја искажале Вашата добрина. Денес пред Вас стоиме со трепет и тажни простувајќи се со Вас горди сме што Ве имавме, како што ти се гордееше со нас“.

vladika-kiril-tetovo1

Верниците од Тетово се простија од владиката Кирил и рекоа дека ќе ги паметат убавите спомени за него и се запишуваа во книгата на жалост.

vladika-kiril-tetovo2

Митрополитот полошко – кумановски г. Кирил почина во вторникот на 79 години. 26 години ја водеше полошко – кумановската епархија. Тој беше единствениот жив сведок на прогласувањето на автономноста на Црквата.

vladika-kiril-tetovo3

Посмртните останки вчера беа изложени во соборниот храм  „Свети Никола“ во Куманово. Погребот ќе биде извршен утре во манастирот Свети Ѓорѓија во кумановско Дељадровце.

vladika-kiril-tetovo4

Би можело да ве интересира

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски