Израелската војска прва во светот разви колективен имунитет против Ковид-19

Од:

Израелската армија денеска соопшти дека прва во светот се стекна со колективен имунитет против Ковид-19.

Претставникот на израелската армија Ицик Тургеман истакна дека 81 отсто од израелските војници се вакцинирани против Ковид-19 или имаат антитела откако се заразиле. Тој додаде дека следната недела очекува нивниот процент да се искачи на 85.

Според израелската армија тоа значи дека војниците ќе можат да ги извршуваат редовните операции, иако ќе продолжат да носат маски и да ги почитуваат ограничувањата.

Израел со имунизацијата на армијата почна на почетокот од јануару и пет недели подоцна околу 75 отсто од војниците примиле најмалку една доза од вакцината. Вакцинацијата за војниците не е задолжителна.

Околу осиум проценти од војниците одбиле да се вакцинираат, дел од нив се жени во рана фаза на бременост, а останатите одбиле од идеолошки или политички причини.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски