Разрешена судијката Лаличиќ, која со Мијалков зборуваше за подароци од „Сваровски“и именување судии

Од:

Судскиот совет ја разреши Софија Лаличиќ од судиската функција. 11 членови на Судскиот совет се изјасниле „за“ нејзиното разрешување, а 2 биле „против“.

Лаличиќ е најмладата судијка во скопскиот Основен суд 1, која својата кариера ја почнала на 28 години. Таа беше истражувана и од некогашното Специјално јавно обвинителство, бидејќи поседуваше телефонски разговори и СМС-комуникација помеѓу разрешената судијка и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Поради ова, таа беше изземена и од одлучувањата за предметите на СЈО.

„Донесена е одлука со која е продолжена постапката по едно барање за утврдување  одговорност на судија/претседател на суд. Донесена е одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, велат од Судскиот совет.

Во прислушуваниот разговор помеѓу разрешената Лаличиќ и Сашо Мијалков, кој е јавно објавен, се слуша како ексдиректорот на УБК ѝ завршил работа на неа, а потоа зборуваат за избирање на други судии и купување  подароци од „Сваровски“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ