Гутереш: Десет години во конфликт, Сирија останува кошмар

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека ситуацијата во Сирија која е разорена од војната „останува жив кошмар“ една деценија откако Владата на земјата се обиде насилно да ги задуши мирните протести и земјата ја втурна во граѓанска војна.

– Стотици илјади Сиријци ги загубија своите животи. Милиони се раселени. Безброј други остануваат нелегално притворени и често мачени, исчезнати или живеат во неизвесност и сиромаштија, рече Гутереш.

Тој додаде дека „десет години светот гледаше како Сирија се врти кон уништување и крвопролевање“.

Гутереш ги наброја злосторствата извршени врз сирискиот народ: бомбардирање на домови, училишта и болници; опсада и изгладнување на цивили кои се спротивставија на владеењето на претседателот Башар ал Асад; напади со хемиско оружје врз цивили; терористички групи кои во хаосот заземаа територија во хаос и злоупотребуваа луѓе под нивна контрола.

– Невозможно е целосно да се сфатат размерите на уништување во Сирија, но нејзините луѓе претрпеа некои од најголемите злосторства на кои сведочеше светот во овој век, рече генералниот секретар на ОН ги повика сторителите на одговорност.

Тој нагласи дека половина од сириските деца никогаш не живееле ниту еден ден без војна.

– Десет години по конфликтот, императив е да продолжиме да стигнеме до сите Сиријци на кои им е потребна хуманитарна помош. Доколку не се стори тоа, сирискиот народ би се осудил на уште повеќе очај. Не можеме да дозволиме тоа да се случи, истакна Гутереш.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ