Кобното утро за битолските Евреи – 11 март 1943 година

Од:

Претставници на институции од Битола, здруженија на граѓани и поединци, вчера и денес, со повеќе манифестации потсетуваат на кобното утро од 11 март 1943 година кога 3.276 битолски Евреи беа депортирани од градот.

Масовното населување на Евреите во Битола датира од 1497 година според православниот, односно 5257 година според еврејскиот календар и е резултат на масовното иселување на Евреите од Пиринејскиот Полуостров, со протерувањата од Шпанија, а подоцна и од Португалија.

Шпанските и португалските Евреи, познати како Сефардски Евреи, населувајќи се во Битола, како и насекаде во светот живееле свој посебен живот, прилагодувајќи ги своите народни и духовни потреби на условите на живот кој се одвивал околу нив, а центарот на нивниот општествен живот била нивната општина.

Еврејската населба во Битола ги зафаќала денешниот простор од Безистенот до Здравствениот дом во Битола, а подоцна оформиле нова населба наречена „Ла мале“, која се наоѓала од десната страна на реката Драгор, од дрвениот мост па се до хотелот „Солун“. Во градот имало и трета населба од Мас-пазар до „Пипер ан“ која се викала „Ла Табана“. Во т.н. центар на еврејската населба била синагогата „Ла Хавра“, место кое денес битолчани го нарекуваат „Кај Аврата“.

Пријателствата со другото население во градот значеле и споделување на заеднички судбини, но и предизвици па затоа забележливо е учеството на евреите во Илинденското востание, активностите на ТМРО и вклученоста во антифашистичката борба во 1941 година. Во тој период, санкциите против Евреите се засилуваат, во 1942 година тогашниот окупатор им наредил да живеат во помал станбен простор, забрането им било да користат автомобили, радиоапарати, телефони…се до одлуката кога кобното утро на 11. март 1943 година, 3.276 битолски Евреи се депортирани во концентрациониот логор Треблинка.

Во знак на сеќавање и денес битолчани ќе положат цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи и народната хероина Естреја Овадија Мара кои се наоѓаат пред Домот за народно здравје „д-р Хаим Абраванел“ во Битола, а градоначалничката Наташа Петровска ќе засади јапонски цреши.

Би можело да ве интересира

Македонската филхармонија ќе гостува во Битола

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Европските пари под прашалник, неизвесности за битолската канализација?!

Koњановски: Нашата цел е Битола да ја направиме модерен и уреден град достоен за сите

Горан Наумовски

Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче