Авганистан забрани ученички постари од 12 години да пеат на јавни настани

Од:

Авганистанското Министерство за образование донесе одлука со која се забранува ученички постари од 12 години да пеат на јавни настани.

Според денеска соопштената одлука, ученичките постари од 12 години нема да смеат да пеат на јавни церемонии, освен ако сите присутни на настанот не се жени. На девојчињата постари од 12 години исто така нема да им биде дозволено да бидат обучени од машки наставник по пеење.

Портпаролот на Министерството за образование ја потврди наредбата и дополни дека одлуката се однесува на сите 34 провинции во земјата.

Министерството сепак не се осврна на тоа зошто забраната важи само за девојчиња.

Ученици во Авганистан често пеат на церемонии или на официјални настани.

Правилото веднаш предизвика реакција од истакнати граѓански активисти во државата.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан