Приведени странски државјанки кои забавувале гости во угостителски објект во гостиварско

Од:

Гостиварската полиција извршила контрола во угостителски објект во селото Неготино каде затекнала 30 гости, бенд и 13 женски лица кои ги забавувале гостите, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 09.03.2021 во 20.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во с.Неготино, гостиварско, сопственост на С.Т.(21) од с.Неготино. При контролата во објектот биле затекнати 30 лица – гости, бенд со четири изведувачи и 13 женски лица, пет странски и осум македонски државјанки, кои ги забавувале гостите и било констатирано дека не биле почитувани протоколите за спречување на ширењето на Ковид-19, соопштува МВР.

Како што информираат од Министерството, сопственикот се однесувал агресивно и се заканувал на полициските службеници и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат.

Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и член 144 од Кривичниот законик – „загрозување на сигурноста“. Во полициска станица биле приведени и странските државјанки(две од Косово, две од Албанија и една од Србија) поради злоупотреба на туристичкиот престој.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, известува МВР.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски