Мишел: Во ЕУ нема „вакцински национализам“, шокиран сум од обвинувањата

Од:

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, на својот блог одговори на критиките за забрани за извоз на вакцини од ЕУ и вели дека е шокиран од обвинувањата.

-Шокиран сум кога слушам обвинувања за „вакцински национализам“ кон ЕУ. Уште еднаш, фактите не лажат. Обединетото Кралство и САД воведоа директна забрана за извоз на вакцини и компоненти за вакцини произведени на нивна територија. Но, Европската Унија, регионот со најголем капацитет за производство на вакцини во светот, само воведе систем за контрола на извозот на дози произведени во ЕУ, напиша Мишел.

Тој прецизираше дека целта на ЕУ е да ги спречи компаниите на кои им се однапред нарачани однапред финансирани доставите да не ги извезуваат на други “развиени земји“ и прво да си ги исполнат обврските кон ЕУ. Но, додава тој, “ЕУ никогаш не престана да извезува„.

ЕУ беше обвинета минатата недела дека поддржува забрана за извоз на вакцини откако Италија одлучи да сопре достава на дози од АстраЗенека кон Австралија поради неисполнети обврски на фармацевтската компанија.

Претседателот на Европскиот Совет исто така објасни дека без механизмите на Европската Комисија за дистрибуција, многу земји немаше ниту една доза да добијат затоа што најбогатите ќе ги монополизираа целосно дозите.

Мишел предвидува дека во наредниот период ЕУ заедно со САД ќе стане најголемиот произведувач на вакцини во светот.

-Затоа нашето стратешко партнерство со ЕУ, кое го рестартираме со новата администрација, е клучно во борбата против пандемијата. Потребни им сме ние колку и тие нам што ни се, напиша шефот на Европскиот Совет.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он