САД: Вакцинираните со две дози не мораат да носат маски и да држат растојание

Од:

Американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) објави упатства со најдобри практики за Американците кои се целосно имунизирани против коронавирусот. Според упатствата, оние кои ги примиле потребните дози вакцина можат да престојуваат во затворен простор со други целосно имунизирани лица, без маски или физичко растојание.

Покрај тоа, оние кои се целосно вакцинирани можат безбедно да престојуваат во затворен простор со невакцинирани лица од исто домаќинство без маски. Американските медиуми посочуваат дека тоа веројатно посебно ќе им значи на постарите Американци, бидејќи многу од нив се веќе имунизирани, но се уште не можат да се видат со своите роднини поради пандемијата.

Препораките беа издадени по неколкудневно одложување минатата недела. Тие покажуваат дека вакцинираните ќе имаат некои привилегии.

Според ЦДЦ, за целосно имунизирани се сметаат оние кај кои минале две седмици од примањето на втората доза од вакцината. Бидејќи вакцината Џонсон и Џонсон е единечна доза, се смета дека целосна заштита е постигната две недели по вакцинацијата.

Во последната недела, САД во просек вакцинираа по 2,2 милиони луѓе дневно.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски