Светскиот научник за кого се вели „дека го измислил дваестиот век“, еден од најголемите умови во историјата – Никола Тесла е роден на денешен ден во 1856 година.
По потекло е Србин, роден е во Смилјан, Австроунгарија, а подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД.
Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електро-магнетизмот кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век.
Се смета за пионер на радио – технологија, безжичната телеграфија, радарот како и повеќе од 700 патентирани пронајдоци во областа на наизменичната струја и телекомуникаците.
Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание, но неговото дело се почитува и слави насекаде во светот, особено во Хрватска и во Србија, но исто така и во неговиот трет дом – САД.