Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3.546 здравствени работници, информираат од Министерството за здравство.
За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 75.900 граѓани, а 52.351 преку матичен лекар, посочуваат од Министерството и додаваат дека од вкупно пријавените 128 251 за вакцинација, 60.959 се на возраст над 70 години.