Во Тетово прекината свадба со 80 гости, приведени менаџер и сопственик на угостителски објекти

Од:

При контрола на угостителски објекти, вчера во Тетово поради прекршување на прописи во време на пандемија прекината е свадбена веселба, а затворени се два локали и приведени сопствениците. На свадбата во угостителски објект на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ биле затекнати 80 гости.

-Контролата во овој објект е извршена вчера во перидот од 18:00 до 20:45 часот во Тетово од страна на полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а менаџерот Д.С.(38) од село Мала Речица, Тетовско, бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичнит законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Подоцна околу 23 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(30) од тетовски Лешок, затоа што неговиот угостителски објект во Лешок работел по дозволеното време и во него биле послужувани гости. Исто така, сопственикот е приведен за расчистување и документирање на случајот.

-За сопственикот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира Јосифоски.

Објектот бил времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски