Вакцината „Спутник V“ од јуни ќе се произведува во Италија

Од:

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) ќе воспостави соработка со швајцарската компанија „Адиен Фарма и Биотек“ за производство на вакцината „Спутник V“ во Италија, изјави денеска извршниот директор на РДИФ, Кирил Дмитриев.

-Деновиве имаме разговори со италијанската Влада. Постојат многу италијански региони што изразија ентузијазам за „Спутник V“ и сакаат да ја произведат вакцината, изјави Димтриев за „Раи 3“, пренесен од Тасс.

Производството на вакцината ќе помогне да се отворат нови бизниси и Италија да дојде до можност да го контролира производот.

Производството на „Спутник V“ најрано може да почне во јуни, а РДИФ ќе соопшти во кои уште десет земји, освен Русија, ќе се произведува „Спутник V“. Меѓу земјите со кои рускиот фонд разговара за соработка се и Германија и Франција.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он