Франсоа Оланд не ги прифаќа нападите врз обвинителството од кланот на осудениот Саркози

Од:

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд застана во одбрана на постапката на Националното финансиско обвинителство (ПНФ), што стана цел на критики од блиски луѓе на Никола Саркози, по неговата осуда на три години затвор.

На Франсоа Оланд не му се допаднаа нападите на кланот Саркози против Националното финансиско обвинителство, што тој самиот го создаде. Во интервју за „Ле Паризиен“, тој изјави дека не ги прифаќа „ континуираните напади врз правосудството“ откако Никола Саркози е осуден на затворска казна, дури и ако „знае што претставува оваа одлука“ за неговиот претходник во Елисејската палата.

-Јас разбирам што претставува оваа осуда за Никола Саркози и на човечко и на политичко ниво. Прашање е и на честа со оглед на функциите што ги извршувал, рече поранешниот шеф на француската држава.

Од друга страна, додаде тој, тоа што не го прифаќам се повторените напади врз правдата и нејзината независност, со судии кои се издвојуваат по име, изразувајќи жалење што министерот за правда Ерик Дипон-Морети веднаш не застана во одбрана на оваа судска институција.

Додека десницата ги насочи своите напади врз Националното финансиско обвинителство (ПНФ), за кое обвинува дека имало политичка улога во судскиот процес, поранешниот социјалистички лидер потсетува дека пресудата била донесена „од независен суд по спроведена истрага од страна на ПНФ, потоа истрага доверена на други судии “.

-Конечно, обвинителите од ПНФ не беа избрани од мене, ниту од мојот наследник. Тие беа на предлог на Министерството за правда, со согласност на Врховниот совет на судството, потенцираше Оланд, кој го создаде ПНФ во 2013 година по аферата Каузак.

„Да се тврди дека ПНФ дејствува за партиски цели значи да се поткопа непристрасноста на 18 обвинители кои работат независно за општ интерес“, продолжува Оланд.

Во врска со „личната поддршка“ што министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан му ја даде на Никола Саркози, Франсоа Оланд кажа дека „во овие околности, тоа не му смета“.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано