Ирански пожарникари денеска се приклучија во гаснење на пожар на граничниот премин со Авганистан откако се запалија три резервоари со гориво.
Иран испратил десет противпожарни возила на барање на локалните авганистански власти.
– Три цистерни од по 150 тони горат. Огнот не е пристигнат на иранска територија, изјави шефот на иранскиот граничен терминал Махируд. Али Акбар Мазиди.
Минатиот месец во пожар на друг авганистанско-ирански терминал беа повредени околу 60 луѓе, кога експлодираа стотина цистерни со гориво. Пожарот предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. И тогаш не беше познато што го предизвика пожарот.