СКОПЈЕ МИРИСА НА КАФЕ е мотото на второто издание на Coffe Fest, кој ќе се одржи од 13-16 јуни во кафе бар АБЦ и претставува настан кој го слави мирисот на кафето. Идејата на овој фестивал е на едно место да се соберат сите оние на кои кафето им претставува задоволство (производителите и дистрибутерите на кафе и опрема како и на крајните уживетели).
Во четирите фестивалски дена покрај штандовите на изложувачите на кафе и чај, посетителите ќе можат да бидат дел од фестивалската бина која ќе биде центар за забава и едукација, преку презентации на нови производи, до натпревари на баристи, дегустации, after work забави, работилници наменети за најмладите, музича програма. Не можеме да го избегнеме и тематско претпладне наречено Старо Скопје – наменето за оние кои го паметат “она” Скопје, ритуалот кафе во тоа време и друштвените игри.
Во рамките на првиот фестивалски ден ќе се одржи второто Државно првенство на баристи на Македонија, во организација на Здружението на бармени на Македонија и Coffee Academy.
Во рамките на Coffee Fest, ќе се одржи и изложба на фотографиите од наградниот конкурс КАФЕ МАФЕ. Најдобрите фотографии ќе бидат наградени од страна на Skopje Coffee Festival со курсеви по фотографија, награди од Купи слика како и ваучери за Coffee Festival.
Фразата “Скопје мириса на кафе” означува повик на дружење и начин со некој близок да поминете дел од своето слободно време. Истражувањата покажуваат дека Македонците навистина уживаат да пијат кафе, тие го идентификуваат ритуалот на пиење кафе со дружењето, блискоста и уживањето. Токму поради тоа одлучивме дека овој настан ќе му го подариме вторпат на градот. – изјави Валентина Гаџовска – организатор на Skopje Coffee Fest 2013.